Кралот од „Toyota“ доаѓа Печати Е-меил
[14-10-2007 | 22:53 часот]
 Најголемиот џип од програмата на „Toyota“, не беше промовиран на саемот во Франкфурт како што се очекуваше, туку неговата промоција се одложи за саемот во...

...Санкт Петербург.

Голема причина за тоа се купувачите, односно се поголемата популарност на теренските возила во Русија.

Моќните теренци се омилени возила на богатите руси, па според тоа, јапонците очекуваат дека промоцијата на новиот Land Cruiser V8 ќе биде вистински погодок.

Новитет се 8 цилиндричните мотори, и должината од неполни 5 метри. Патниците во новата верзија на оваа Toyota, ќе бидат заштитени со дури 14 воздушни перници!