|
Цигарите и штетат на ерекцијата |
|
|
|
[14-10-2007 | 23:21 часот] |
Истражувањето на кинеските научници покажа дека мажите кои се пушачи се подложни на пореметување на ерекцијата, и тоа за 41% повеќе од непушачите...
Тоа се резултати од испитувањето врз 4763 мажи во времетраење од 6 месеци. Минатите истражувања покажуваа дека пушењето влијае врз ерекцијата, но секогаш тие беа поврзани со други здравствени проблеми како притисокот, дијабетисот и кардио болестите. Ова е прва студија која ја потврди директната врска помеѓу цигарите и ерекцијата, со тоа што се испитуваа здрави мажи кои ги немаат претходно споменатите болести. - изјави Jang He од универзитетот "Tulan". |