|
Зошто сме гладни? |
|
|
|
[16-10-2007 | 01:32 часот] |
Британски научници веруваат дека се се поблиску до одговорот на ова прашање! Со проучување на хормонот PYY кој го регулира апетитот, научниците дошле до...
...откритие дека овој хормон покрај тоа што влијае на центарот за глад во мозокот, тој исто така има влијание и на центарот за задоволство и наградување. PYY кој се ослободува преку цревата во крвта, по јадењето сигнализира во мозокот дека храната е примена. За да можеме да го “измамиме“ мозокот и да му сигнализираме дека сме јаделе, научниците тестираат спреј кој ќе содржи PYY хормон. Спрејот кај луѓето делува на мозокот во кој се одредува чувството на задоволство поврзано со јадењето. Охрабрувачки е податокот, што спрејот најголемо влијание има во делот на мозокот во кој се создава целокупното чувство на задоволство. Тестирањето било спроведено на осум испитаници со нормална тежина, а терапијата со спрејот покажува дека внесувањето на калории било смалено за дури 25 %. |