Со хеликоптер на АРМ, ковчегот со телото на Тоше Проески синоќа пристигна на аеродромот Александар Велики во Скопје. Војниците на АРМ покрај почесен марш од..
... гардистите на АРМ, ковчегот го положија на специјална постава, кадешто на Тоше Проески му беше оддадена почит од страна на членови на семејството и владина делегација.
На процесот на пристигнување на посмртните останки присуствуваа членови на најблиското семејство на Тоше и висока владина делегација која ја сочинуваа премиерот Никола Груевски и министрите Гордана Јанкуловска, Живко Јанкулоски и Антонио Милошоски.
Посмртните останки, по желба на семејството, веднаш ќе бидат пренесени во Крушево, кадешто утре (среда) ќе се изврши погребот.
Погребната церемонија ќе ја води архиепископот Охридски и Македонски Г.г. Стефан, а погребот ќе биде извршен со највисоки државни почести.
При префрлувањето на телото во хеликоптерот во Хрватска, менаџерката Љиљана не го издржала притисокот по што ја изгубила свеста. Таа од своите пријатели била пренесена до блиското амбулантно возило.