Македонија се опрости од Тоше Печати Е-меил
[17-10-2007 | 16:19 часот]
 Згасна најсветлата Македонска ѕвезда. Повеќе од 10.000 луѓе присуствуваа на погребот на Македонската икона - Тоше Проески, кој се одржа денеска во неговото...

...родно Крушево. Пред ковчегот со неговите посмртни останки претходно се поклонија претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски.

Со Тоше се збогуваа и членови на Владата, пратеници, претставници на дипломатскиот кор меѓу кои амбасадорката на САД Џилијан Миловановиќ, евроамбасадорот Ерван Фуере, делегации на АРМ, на политички партии...

Последна почит му оддадоа и претставници на македонската музичка сцена, соработници, композитори и естрадни имиња од соседството - Аки Ракимовски, Тони Цетински, Светлана Цеца Ражњатовиќ, Владо Георгиев... и сите за кои пееше Тоше, кој токму оваа година одбележуваше 10 години од својата плодна музичка кариера.

Тоше Проески - идолот, иконата, амбасадорот на Македонија, славејот со ангелски глас и хуманист попладнево со државни и верски почести е погребан на Градските гробишта во неговото родно Крушево.

Македонија во тага го испрати Тоше Проевски, во вечните легенди.