Компанијата “Jacuzzi Events“ ги воодушеви 20-те планинари кои имаа можност да се капат во jacuzzi, на неверојатни 4.808 метри височина, т.е нa највисоката европска...
... планина Mont Blanc.
Екипата која го поставила Jacuzzi-то се соочувале со тешки услови, а отежната околност била и тоа што опремата морале да ја носат со себе. Кутии, цевки, гориво, флаши вино и пиво, се само дел од работите кои тие ги носеле со себе.
Jacuzzi-то го наполниле така што стопиле снег со помош на греачи кои биле наместени на оптимална температура за капење. Планинарите во целост уживале со неколку чаши вино, на врв на планина, во џакузи!