Се продава најстариот Rolls-Royce Печати Е-меил
[18-10-2007 | 22:59 часот]
 На продажба е ставен најстариот Rolls-Royce на денешницата кој потекнува од 1904. година, и до сега имал само тројца сопственици. Цената изнесува "само"...

...4 милиони долари, а автомобилот сеуште работи. На продажба го нуди аукциската куќа Bonhams, а сите заинтересирани можат да учествуваат на аукцијата која ќе се одржи на 3 декември во Лондон.

Автомобилот е произведен во 1904 година, има 10 коњски сили, две седишта, и е без кров.

Овој Rolls-Royce е еден од 4-те возила направени во тогашната корпорација "Charles Rolls & Henry Royce".