Импотенција или слух Печати Е-меил
[19-10-2007 | 23:50 часот]
 Импотенција или слух е новата дилема поставена пред мажите кои страдаат од ерективна дисфункција. Без оглед дали ја користат најдобрата марка, или оние...

... помалку познатите, но еднакво ефективни, Ливатра или Циалис, мажите се изложени на зголемен ризик од нагло губење на слухот.

Тоа го тврди Американската управа за храна и лекови (FDA), која од производителите на овие “помагала“ бара предупредувањето за потенцијално губење на слухот на шишенцата со апчиња да биде воочливо.

FDA, исто така, ги моли мажите кои поради земање на било кој друг лек за ерективна дисфункција нагло ќе го изгубат слухот, да престанат да ги земаат тие апчиња и да се јават кај својот лекар.

Инаку, проблемот со губење на слухот предизвикан со некои од овие лекови е забележан кај 29 мажи од 1996 година.

Иако бројот на проблематичните случаи е занемарлив во споредба со 40–те милиони шишиња од сите три лекови колку што годишно се продаваат, во FDA сметаат дека корисниците треба да бидат предупредени за ризикот.