Една од популарните римски знаменитости, фамозната "Fontana di Trevi" во петокот беше право изненадување за туристите. Покрај полициското обезбедување, активист...
... на групата "FTM Azione Futurista 2007", кои протестираат против Римскиот филмски фестивал, во знак на протест истурил боја во фонтаната.
Фонтаната е исклучена за санирање на овој вандалски испад, а надлежните изјавија дека според првите сознанија, фонтаната не е оштетена.
Промената на водата не е проблем, но дополнително ќе се испитува дали хемикиот состав на бојата направил оштетувања на мермерот од фонтаната, која датира од 18 век.