Финецот Кими Раиконен од тимот на Ferrari е нов светски првак во Формула 1, откако триумфираше во драматичната и крајно возбудлива последна трка од сезоната...
... - бразилското Гран При на пистата во Интерлагос.
Во конечниот поредок асот на италијанската екипа собра еден бод повеќе од Фернандо Алонсо, а два повеќе од Луис Хамилтон, двајцата од Мекларен.
Шестата победа во штотуку завршеното првенство сама по себе немаше да му биде доволна на Раиконен да ја освои круната, да не беше неверојатно лошиот пласман на досега водечкиот Луис Хамилтон од Мекларен, кој во трката што можеше да му донесе титула уште во дебитантската Формула 1 сезона заврши на седмото место.
Британецот ќе ги понесеше шампионските почести дури да беше и петти, но и тоа беше недостижно за него поради киксот со лошиот старт, а потоа и поради чудните проблеми во осмиот круг кои му одзедоа речиси цела минута.
Во две третини од трката, во игра за титулата беше и првакот од последните две сезони, вториот член на Мекларен, Фернандо Алонсо, но максимумот што можеше да го направи беше да стигне до третото место.
Во финишот неуспешни останаа обидите на Хамилтон да се пробие до посакуваното петто место. Тој не успеа да се искачи повисоко од седмата позиција, недоволно за бодовен збир што ќе го направи светски шампион.
Во конечниот генерален пласман - Раиконен ја заврши сезоната со 110 бода, додека пилотот кој пред оваа трка имаше најголеми шанси за успех Хамилтон и ланскиот првак Алонсо собраа по 109 бода.