Природата на луѓето е да се неверни! Печати Е-меил
[24-05-2006 | 02:17 часот]
 Зошто не сме верни е прашање кое во книгата "Мит за моногамијата: неверноста кај животните и луѓето" го одговорија брачниот пар - зоологистот David Barash и психијатарката Judit Lipton. Верноста едноставно не е во природата на луѓето...

... па ни животните. Единствено животно на светот кое е 100% верно е паразит пронајден во цревата на рибата. Кај нив кога физички мажот и женката ќе се спојат, доживотно остануваат физички споени и неможе да се одвојат. Сите останати животни на планетава константно ги прељубуваат своите нартнери - изјави Lipton.

Животните и луѓето освен што го бараат најдоброто за свој животен партнер, бараат и нешто на страна.

- Во кругот на оние каде што моногамијата е присутна, испитувањата покажаа дека повеќето не спијат со своите партнери.

Тоа е случај и кај животните. Повеќето птици се врзуваат со еден партнер доживотно, а со DNA тестовите се докажува дека татко на младите е друга птица. Така во десет отсто од случаите децата немале никаква врска со својот биолошки татко. - изјави Judith за WebMd.

Овој брачен пар кој ја издаде книгата е во брак 28 години, и смета дека верноста е возможна, но дека за тоа е потребно многу труд.