Авионот A-380 на компанијата “Singapore Airlines“ го оствари долго одложуваното патување - првиот комерцијален лет! Најголемиот авион на светот е опремен...
... со луксузни седишта, кревети за двајца и пријатен ентериер. Распонот на крилата изнесува 80 метри, а може да превезува до 555 патника. Со 455 патници, Airbus - 380 super jumbo, полета од сингапурскиот аеродром Chjangi, а седум часа подоцна слета на аеродромот во Sydney. Картите за првиот лет на A-380, кои можеа да се набават на online аукции достигнаа цена и по неколку стотици илјади долари. A-380 е најрационалниот авион во потрошувачката на гориво, и најтивок патнички авион, кој некогаш е направен. Авионот му беше ставен на располагање на “Singapore Airlines“ на 15-октомври, скоро две години покасно од предвиденото, поради низа проблеми во производството. “Singapore Airlines“ го доби ексклузивното правото да биде единствен сопственик на ваквиот тип на авиони, во првите 10-месеци. 

|