|
Како ќе заврши човечката раса? |
|
|
|
[29-10-2007 | 00:27 часот] |
Новите научни истражувања носат шокантна слика за човечката иднина. Човекот за 10,000 години ќе се развие во две раси - владеачка елита, кои ќе ја...
... красат убавината и интелегенцијата, и подредена раса на глупави и грди! Лондонскиот научник Oliver Curry предвидува дека човекот ќе го достигне својот врв за околу 3000 години, а за 1000 години луѓето ќе бидат високи до два метри, а животниот век ќе биде 120 години. Тој тврди дека до тогаш луѓето кои ги познаваме денес, ќе се стопат во една раса која ќе има убав бронзен тен. Сепак, после достигнувањето на врвот, човекот ќе почне да ги осеќа негативните страни. Константната употреба на медицината ќе го ослабе имунитетот на човекот до тој степен, што тој ќе биде нежен како бебе. Така од една страна ќе постојат убави и паметни над-луѓе, а од друга страна заостанати човечки битија. dr. Curry иднината на човечката раса ја гледа, (како што изјави) како приказната за добриот, лошиот и грдиот.
|