Моделот FXX, лансиран како концепт во јуни 2005, добива ново издание за сезоната 2008/2009. Развиен во соработка со своите најдобри тест возачи, меѓу кои и Michael...
... Schumacher, новиот FXX и понатаму ќе остане привилегија на 20 одбрани клиенти.
Во текот на тестирањето се извозени 16.500 километри, а најголемите промени и надоградувања се однесуваат на појачувањето на моторот. Тој сега е V12 монструм од 6262 кубни сантиментри, и развива неверојатни 860 коњски сили при 9500 вртежи во минута!
Меѓу другото, надградена е електрониката, системот е помалку агресивен и овозможува на помалку искусните возачи да ги одберат оптималните параметри, аеродинамиката е поефикасна за дури 25%, а ќе бидат вградени и камери за поголема прегледност.
За жал, ни овој модел нема да се хомологира, така што ќе може да се види само на тркачките писти.
За утеха на “обичните смртници“, кои нема да можат да го пробаат веројатно најдобриот Ferrari, им остануваат на располагање нормалните модели F430 и F599.