|
Покажано лицето на Тутанкамон |
|
|
|
[04-11-2007 | 23:54 часот] |
Лицето на египетскиот фараон Тутанкамон, за прв пат по повеќе од 3,000 години од неговата смрт, е јавно излежено пред очите на целиот свет. Мумијата на Тутанкамон...
... познатво историјата како фараонот дете, денеска била преместена од саркофагот во гробот во Долината на кралевите и поставена во витрина од плексиглас. Витрината е опремена со систем за контрола на влажноста и на температурата, за да биде заштитена распаѓање и оштетување. Телото е завиено во ленти од ленено платно. Откриено е оставено само лицето. Тутанкамон на возраст од девет години станал фараон од 18 фараонска династија, а починал на 21 година. Погребната маска која досега го криеше лицето на Тутанкамон тежи 11 килограми и е изработена од масивно злато и полускапоцени камења. Откриена е во 1922 година од Британецот Briton Howard Carter. До неговото јавно прикажување, Тутанкамон го виделе само околу 50 луѓе.  



|