Кривата кула не е повеќе "најкрива" Печати Е-меил
[05-11-2007 | 22:56 часот]
 Кривата кула во Пиза, повеќе не е "најкрива на светот". Во Guinness-овата книга на рекорди, за градба со најголем степен на навалување, сега е впишана нова градба!

Германската црква од селото Suurhusen, во јуни била пријавена за конкурент на Кривата кула од Pisa, а по официјалните мерења е утврдено дека црквата е навалена за 5.19 степени, наспроти 3.97 степени на кулата во Пиза.

Црквата датира од 13-век, а последната интервенција за да се спречи понатамошното навалување на црквата, и евентуалното оштетување е направена во 1996 година.

Црквата сеуште е во употреба, а наскоро ќе започне и со туристички посети, со што ќе се обезбедат средства за понатамошно одржување.