Авио крстарење на иднината Печати Е-меил
[05-11-2007 | 23:08 часот]
 Концепт леталото дизајнирано од страна на уметничкиот инжинер Tino Schaedler, и дизајнерот Michael J Brown, е замислено на патниците да им понуди неповторливо...

... искуство со добра храна, spa – третмани, и можност да уживаат во ексклузивно опремена дискотека.

Во леталото “The Strato Cruiser“, или уште наречено “lifestyle zeppelin“, гостите ќе имаат можност и да посетуваат часови по јога со личен тренер.

Леталото е дизајнирано така што ќе има поголема брзина од конвенционалните воздушни превозни средства, со зголемена безбедност, и во согласност со еколошките принципи.

Откако ќе биде реализиран проектот, леталото ќе се движи по определени маршути односно крстарења, вклучувајќи ги Америка, Европа и Блискиот Исток.