Швајцарците “Springboost“ лансираа два нови модели на патики, со кои можете побрзо да ослабете или да трчате побрзо и да скокате повисоко! Патиките се така...
... дизајнирани што ги стимулираат мускулите на нозете, а аголот под кој лежи стапалото во патиката, ги овозможува пофлексибилните движења. Од патиките “Springboost“ меѓу повеќето специјализирани модели се и “BFit“ – наменети за пешачење, и “B-Train“ – наменети професионални атлетичари. “Патиките содржат енергетски влошки (Dorsiflexion Technology™) преку кои се враќа енергијата, и овозможуваат побрзо движење и согорување на калориите!“ – изјави Brian Ellis од групацијата Well Group, дистрибутер за UK. Цената на патиките се движи од 79.95 до 94.95 фунти, а според многумина кои веќе ги користат овие патики, ефектот е навистина забележителен. Што се однесува на ефектите од користењето на ваквите патики, мислењата се поделени. Дел од експертите сметаат дека се погодни за оние кои доживеале спортска повреда, додека физиотерапевтите предупредуваат на штетното влијание на патиките. Springboost.com 
|