Пушењето ги “топи“ мускулите Печати Е-меил
[06-11-2007 | 23:50 часот]
 Врежано е мислењето дека пушењето го намалува апетитот и помага при намалувањето на телесната тежина, но австралиските научници откриле дека не...

... станува збор за намалување на наталожените масни наслаги, туку на мускулното ткиво!

Човекот ќе изгледа послаб и вагата ќе покажува помалку килограми, но таквиот начин на губење на телесната тежина е штетен за здравствената состојба, објаснува фармакологот Маргарет Морис, од австралискиот универзитет Њу Саут Велс.

Таа додава дека масните наслаги, од кои сме сакале да се ослободиме, и натаму ќе се таложат, посебно околу срцето на пушачот, неговите бели дробови и црниот дроб.

Професорката Морис, заедно со своите соработници  истражувањето го направила врз група лабораториски глувци. Опитот траел седум недели.

Половина од глувците биле изложени на чад од цигари, односно еквивалент од четири испушени цигари дневно во текот на шест денови во неделата, а втората половина од глувците биле сместени во чисти кафези.

По седум недели е утврдено дека глувците изложени на чад од цигари изгубиле дури четвртина од својата телесна маса, но количеството на масното ткиво кај нив останало исто какво што било пред почетокот на опитот.

/макфакс/