Алкохолот и енергетските пијалоци Печати Е-меил
[06-11-2007 | 23:59 часот]
 При мешање на алкохолот со енергетски пијалоци се добива многу опасен „коктел“, тврди еден од најпознатите британски стручњаци за лекување од...

... зависности. Don Serratt, основачот на Британскиот центар за одвикнување „Life Works“, вели дека мешањето на поголемо количество од - кофеинот (што се наоѓа и во енергетските пијалоци) и алкохол, е многу поопасно одколку што мислиме.

Според Serratt, луѓето кои пијат на пример вотка со Ред Бул, имаат двапати поголеми шанси да се повредат.

Во истражувањето научниците испитале 4.271 студент, од кои една четвртина неколку месеци консумирале алкохолни пијалоци измешани со енергетски пијалоци.

Тимот дошлол до заклучок дека оние кои пијат комбинација на енергетски пијалоци и алкохол, два пати почесто бараат медицинска помош.

Таквиот резултат не е изненадување, ако се земе фактот дека при просечна „пијанка“, тие пиеле и до 36% повеќе алкохол од останатите студенти, со што моториката и однесувањето им биле во многу полоша состојба од оние кои пиеле само алкохол.