Уште едно Кинеско светско чудо Печати Е-меил
[07-11-2007 | 22:55 часот]
 Кина уште еднаш ќе влезе во историјата, овојпат со изградба на најголемото тркало. "Големото тркало на Пекинг", кое ќе му конкурира на "Лондонското око", ќе чини...

...99 милиони долари, а ќе биде високо повеќе од 200 метри!

Туристичката атракција ќе биде опремена со 48 климатизирани кабини, кои заедно имаат капацитет од неверојатни 1920 посетители, или пак 40 посетители по кабина.

Големото тркало е во план да биде пуштено во употреба во август 2008-ма.

Најголемото светско тркало ќе биде конструирано од истата германска компанија која го изгради Лондонското око.