Иднината на машката контрацепција Печати Е-меил
[11-11-2007 | 23:52 часот]
 Компанијата Male Contraception Information Project, најавува промовирање на два вида орални контрацепциски препарати за мажи, и т.н. “спречувач на сперма“...

... со чие вградување во половиот орган може да се спречи несаканата бременост.

На конференцијата под наслов “Future of Male Contraception“, која беше одржана во Seattle, беа претставени разни концепти за развој на контрацепциски таблети за мажи.

Контрацепциските производи ќе бидат достапни во три форми:

- “Спречувач на сперма“, е апарат кој ќе биде вграден во половиот орган, а  по потреба може да биде отстранет. Од првите истражувања, во кои учествувале 90 испитаници, резултатите се позитивни. Дополнителни истражувања ќе бидат направени за да се утврди дали и по отстранувањето на апаратот мажите ќе останат стерилни.

- Контрацепциска пилула за мажи, која е најконвенционална за употреба, и се предвидува дека во наредните неколку години ќе стане најбарано средство за машка контрацепција.

- Нехормонална пилула, позната под името CDB-4022, ги спречува сперматозоидите да ја оплодат јајце клетката. По употребата на оваа пилула, способноста на спермата за оподување се враќа по 16 седмици.