Новитети на мото саемот во Милано Печати Е-меил
[12-11-2007 | 23:30 часот]
 Овогодинешниот 65-ти Меѓународен салон за мотори, скутери и мото опрема (EICMA), заврши вчера, а беше одржан на изложбените простори во Fiere Milano. Со оглед на тоа..

... што италијанската мото индустрија стана меѓу водечките, не е ни чудо што најголемите и најдобри изложбени простори на саемот ги откупија токму италијанските преставници.

Водечкиот производител на скутери, Piaggio, се престави со новиот скутер со кој се проширува успешната X фамилија. X7, после X9 и X8 е третиот во низата кој го карактеризираат одликите на GT моделот.

Aprilia го промовираше својот нов модел SMV 750 Dorsoduro, кој го карактеризира агрегат од 95 коњски сили опремен со ride-by-wire системот.

Ducati меѓу останатото ги изложи и Superbike 848 и 1098 R, Hypermotard 110 S, GT 1000 како и  Monster S4R S Tricolore, додека за Monster 696 се смета дека ќе доживее најголем успех.

BMW го изложи својот потполно нов модел F 800 GS кој располага со агрегат од 800 ccm и 85 KS.

Со влезница од само 18 евра, посетителите не уживаа само во најновите модели од мото индустријата, туку и во убавите манекенки.