Седеле или пушеле, исто ви се фаќа... Печати Е-меил
[12-11-2007 | 23:36 часот]
 Според најновите истражувања на професорот Marc Hamilton, долгото седење е еднакво ризично за здравјето како и пушењето или претераното сончање...

Неговата студија, која ги потврдува резултатите од истражувањето спроведено на Меѓународниот институт за дијабетис во Мелбурн, заклучува дека ниту секојдневното вежбање по два часа не може да ги надокнади последиците од 22та часа поминати во седечка позиција.

Неактивноста, според професорот David Dunstan, претставува важен фактор во зголемување на ризикот од срцеви заболувања и дијабетис.

Луѓето кои ќе успеат да го прекинат своето седење, така што на пример ќе прошетаат до бирото на својот колега наместо да му пратат маил - со малку напор многу ќе го намалат ризикот.