|
Автомобил кој ќе менува боја |
|
|
|
[18-11-2007 | 22:05 часот] |
Jапонскиот произведувач на автомобили Nissan, најави дека забрзано работи на развој на технологија со чија помош ќе може да биде менувана бојата...
... на автомобилите. Станува збор за технологија, која ќе може да се применува на боја која ќе се темели на полимерни супстанци со оксиди на железо. Бојата ќе може да се менува во повеќе нијанси, со помош на електричен напон кој ќе го иницира менувањето на бојата. Од компанијата не најавуваат кога ќе се појават првите концептни модели со оваа технологија, но за приватна употреба, тоа нема да биде пред 2010 година. |