Кои се петте најздрави спортови? Печати Е-меил
[18-11-2007 | 22:27 часот]
 Кога се работи за изборот на спорт, вкусовите се различи. Додека едни душата ќе си ја дадат за атлетски дисциплини, други - коски кршат на фудбалските терени...

За оние на кои им фали кондиција и флескибилност, а се двоумат кој спорт да го изберат, следи листата на петте подеднакво тешки спортови со чија помош ќе дојдете до совршена пропорција на вашето тело.

Сквош   
Омилената игра на оние од Wall Street, последниве години го преплави и остатокот од светот.

Не е ни чудно кога  само 30 тина минути потење на теренот преставува фантастичен тренинг за кардиоваскуларниот систем.

Константното трчање на тереност ја изградува мускулната сила и издржливоста во долниот дел од телото, додека во горниот дел ја зголемува флексибилноста.

На оние што сакаат да почнат да тренираат сквош, им се препорачува преходни припреми како што се спринтот и трчањето, и различните јога релаксирачки позиции.

Веслање
Веслањето прави чуда за кардиоваскуларниот систем, како и за издржливоста и силата на сите мускули на телото.

Најважниот дел од веслањето е исправната техника на работата на нозете, грбот и рацете кои не ги оптеретуваат мускулите.

ричината заради која веслањето се вбројува во петте најздрави спортови е што нуди вежба која ги опфаќа сите мускули на телото.

Качување по карпи
Под услов да при качување на карпа не направите некое кобно движење кое би можело да ве однесе во другиот свет, овој спорт е одличен за одржување на телесната сила и кондиција.

Важно да се напомени е тоа што овој спорт не совршен избор за јакнење на кардиоваскуларниот систем, како што тоа е случај со претходните два спорта. Оние кои што се бават со овој спорт се познати по своите убаво обликуваните мускули. И за овој спорт е потребна претходна припрема, односно вежби во теретана.

Пливање
За љубителите на вода, ова е идеален спорт кој помага во градењето на мускулната структура. Исто така е добар за вашиот респираторен систем  како и за работата на срцето.

Луѓето кои немаат добра кондиција, после 30 минути пливање тешко ќе можат да ја одржат правилната техника. А без правилна техника ќе недостигаат и видливите резултати.

Затоа се препорачува пливање во интервали. Пливањето може да се комбинира и со други спортови како што се трчањето , кревањето тегови, јога.

Трчање на скии

За овој спорт се вели дека е спорт кој ги користи сите мускулни групи. Меѓу другото, тој ја подобрува кондицијата и издржливоста која е клучна за да можеш да го практикуваш овој нималку лесен спорт.

Самиот процес на загревање на телото на ладно време го подобрува метаболизмот и го зголемува процесот на трошење на калории.

Покрај трчањето на скии или нордиското скијање кое не е соодветно на нашето поднебје, во останатите спортови немате никакви пречки тие да станат дел од вашиот активен живот.