Во Рим, во план е отварање на Музеј на модата во кој ќе биде изложена дел од гардеробата на славните личности и дизајнери, кои оставиле трага во...
... историјата на модата и модната индустрија. Отварањето на музејот е предвидено за следната година. Музејот ќе биде сместен во просториите на вилата “Doria Pamphili“ која е сопственост на градот Рим уште од 1957 година, а околу вилата се наоѓа парк со големина од 9 квадратни километри, што го прави најголем парк во Рим. Музејот на поклон ќе добие околу 200 парчиња облека, кои им припаѓале на славните личности, а кои се потпишани од најголемите дизајнерски имиња. Меѓу вредните парчиња ќе се најде и дел од облеката на Elizabeth Taylor, Ava Gardner и Jacqueline Kennedy. Во колекцијата е вклучена и венчаницата која ја носела американската глумица Linda Christian. Покрај облеката, во музејот ќе можат да се видат и фотографии, модни списанија и скици, а вкупната вредност на предметите кои ќе бидат изложени изнесува 3,5 милиони евра. Официјалното отварање на музејот, според најавата ќе се случи во септември 2008 година.  |