|
Колку си висок - толку си среќен! |
|
|
|
[19-11-2007 | 23:57 часот] |
Новата студија спроведена во Велика Британија покажува дека глобално гледано, луѓето со низок раст имаат песимистички став кон животот. Без оглед на тоа...
... каква е нивната објективна здравствена состојба, тие самите сметаат дека се болни и дека нешто не е во ред со нивното здравје. Ниските мажи, имаат полошо ментално и физичко здравје, отколку мажите со просечна висина, покажуваат резултатите од студијата во која учествувале 14.000 испитаници. Од нив било побарано да го оценат своето здравје врз основа на индикаторите како што се подвижноста, болката и депрресијата. Оние кои се спаѓаат во најниската категорија - мажи пониски од 1.65м, своето здравје го оцениле најлошо. Истражувањето не ја вклучуваат вистинската здравствена состојба, туку само личното доживување на сопственото здравје. "Ниските луѓе се чувствуваат полошо од високите. Со ова истражување не беше утврдено дека нискиот раст е причина за лошото ментално и физичко здравје, туку дека ниските луѓе се чувствуваат полошо и физички и психички" - изјави докторот Torsten Kristensen.  |