Мозокот може да се спореди со батерија, само што функционира во спротивна насока од неа, односно што повеќе го користиме, толку е побрз и поделотворен. Затоа...
...размрдајте го мозокот давајќи му повеќе задачи со што ќе поттикнете поразличен начин на размислување. Наједноставниот, но не и единствениот начин може да биде решавањето на крстозбори и други различни логички игри. Управувајте со влезот и излезот на податоците, внимателно шифрирајте ги, користите зборови, слики... Накратко, направете еден вид своја мапа на памтење, асоцијации, зборови и поими. Понатаму, за да го зголемите работењето на својот мозок, треба да ги избегнувате нередите, односно треба да си поставите цел и полека да напредувате со мали паузи помеѓу задачите. Што сака мозокот?
Јагленохидратите преставуваат главно гориво на мозокот, но не помалку важни се и протеините, масните киселини (омега 3), витамините (посебно витаминот Б), како и минералите како што се магнезиумот, цинкот и фосфатот. Рибата е омилената храна за мозокот, но и црното чоколадо кое е богато со антиоксиданти. Недостатокот од вода во организмот предизвикува пореметување во концентрацијата, будноста и памтењето, а исто така предизвикува и главоболки. Затоа е непходно во организмот да се внесува најмалку 2 литри вода во текот на денот, со што би се спречиле овие негативни последици. Умерената количина на црно кафе е корисна ( поради антиоксидансите), но кафето делува и како диуретик па затоа се препорачува да се конзумира заедно со чаша вода. Храна за мозокот Кислородот е непходен за вршење на сите функции на мозокот. Затоа се препорачува да се прошетате во природа. Димот го гуши мозокот и преставува голем потрошувач на кислородот. Колку за илустрација, од цел кислорот што го користи човечкото тело - 30% ги троши мозокот! Откривајте нови доживувања За да го "подмачкате" својот мозок, запознајте нови луѓе, погледајте изложба, одете во театар или кино, слушајте музика. Со тоа ќе го изложите својот мозок на нови доживувања. Одмор и опуштање Светлото е исто така хранливо. Тоа ја ублажува депресијата и безволноста. Затоа шетајте преку ден како би биле посреќни и полни со елан и енергија. Во случај на недостаток на сон, мозокот работи успорено и поради тоа е отежнат пристапот на податоците, што доведува до намалување на концентрацијата, рефлексите и интелектуалните способности. Опуштањето и неутрализирањето на стресот со разните методи како што се медитацијата, јогата, пилатесот, танцот, риболовот, играње шах, градинарење итн, помага во освежувањето на вашиот мозок. |