|
City & the Chocolate week |
|
|
|
[20-11-2007 | 23:55 часот] |
Заврши њујоршката "Chocolate week", која беше организирана за промоцијата на чоколада и други чоколадни производи. Сите ресторани во NY цела седмица нудеа...
... разни чоколадни производи и посебни ексклузивни мени-ја. Во просториите каде што се одржуваше шоуто, постојано се случуваше некоја промоција на сите можни видови чоколадо, дегустации, презентација на чоколадни тетоважи и слично. За најмладите љубители на чоколадо иамше посебна зона - Choco Kid, а за повозрасните Choco Lounge - каде што можеше да се дегустираат "грешни" чоколадни коктели. Главна атракција беа ревиите под името "Haute Chocolate Couture Collection" на кои се претставија дизајнерите Nicole Romano, Irina Shabayeva, Abaete и Heidi Weisel. Колекциите кои беа промовирани вклучуваа парчиња облека целосно изработени од чоколадо и други модни додатоци направени од бело и црно чоколадо. Модната недела посветена на чоколадото и посебната модна ревија, беа одржани со цел да се популаризира "Chocolate week", која се одржува веќе 10-та година. 
|