Погодени од пресот на хрватскиот селектор на фудбалската репрезентација - Славен Билиќ, во кој меѓу "плачењето" изјави дека повеќе нема да купува ни...
... македонски лубеници, двајца навивачи од Скопје му испратија лубеница по пошта, украсена со црвена машна! До редакцијата на хрватскиот "Index", еден од навивачите кој учествувал во ваквиот пријателски гест, напишал: "Ја следам, и навивам за хрватската репрезентација на секое првенство на кое настапувала. Бев на натпреварот Македонија - Хрватска, па ме погоди изјавата на Билиќ дека во Скопје биле непријателски дочекани. Не беше така. Дочекот во Скопје не беше ништо помалку домаќински од оној во Загреб, кога се играше првиот натпревар. Во Загреб беше исвиркана македонската химна, а навивачите памтат, и возвратија на реваншниот натпревар. Просинечки во Загреб на Катанец му покажа среден прст, но тој остана џентлмен и не му возврати овој пат." "Затоа што Славен изјави дека веќе нема да купува ни лубеници од Македонија, денеска двајца навивачи од Скопје, му испративме по пошта лубеница украсена со црвена машна. На хрватските репрезентативци им посакуваме - Среќно во Лондон" изјави Мирослав Николовски. Изгледа честитката на Мирослав била искрена! Хрватската репрезентација на вечерашниов натпревар ја совлада Англија со резултат 3-2! |