Според истражувањето кое било спроведено на универзитетот - "Portsmouth University", и најголемите лажговци тешко се справуваат со противречностите со кои...
... се соочуваат доколку од нив биде побарано да ја раскажат приказната по обратен редослед. Доколку сакате "лажгото" да ви ја раскаже вистинската приказна, тогаш од него треба да побарате да го раскаже настанот по обратен редослед - од крајот кон почетокот. На тој начин самиот ќе се улови во во лагата и ќе ви ја каже вистината. Познатиот психолог Albert Vrij, кој е еден од најреномираните светски стручњаци за психологијата на сведочењето, објаснува дека хронолошкиот редослед на настаните овозможува за одредени ситуации да се даде искривена слика, а доколку се промени редоследот на случувањата, полесно може да се проникне во лагата. Секој од нас познава барем по неколку личности кои се склони кон лажење, или барем личности кои избегнуваат да ја кажат вистината. Објаснувањето се темели на тоа дека лажењето секогаш е проследено со одреден "ментален напор", а кога личноста која сметате дека ве излажала, ќе ја изненадите со барањето да ви ја раскаже приказната од крајот кон почетокот, кај неа ќе предизвикате одреден стрес. Резултатот е мноштво на нелогичности во приказната, за на крајот да добиете нешто поблиску до вистината. |