Европа помалку пуши, повеќе шмрка Печати Е-меил
[22-11-2007 | 22:54 часот]
 Во Европа се постигнати добри резултати во борбата против користење на канабисот, чија употреба има тенденција на намалување. Но, останатите резултати се..

... застрашувачки, и го засенуваат успехот во борбата против лесната дрога. Се поголем број на корисници на наркотични средства се одаваат на кокаинот, а расте и бројот на смртни случаи предизвикани од предозираност.

Годишниот извештај на Европскиот Центар за надзор на дрога и зависности, ги нагласува причините за постоење на одреден оптимизам, но и за загриженост.

Резултатите покажуваат дека конзумирањето на канабисот помеѓу младите од 16 до 21 година, има тенденција на намалување, а општиот тренд на користење на дрога е стабилизиран во последните 12 месеци.

Извештајот опфаќа 27 земји членки на ЕУ, Норвешка и Турција. Речиси една четвртина од возрасната популација во Европа, од 15 до 64 години, или приближно 70 милиони луѓе, изјавиле дека во текот на својот живот консумирале канабис.

Во Европа, дури 12. милиони од возрасната популација изјавиле дека консумирале кокаин. Оваа бројка има тенденција на пораст, со оглед на тоа дека во 2006 година бројката изнесувала 4.5 милиони корисници на кокаин.

Најголем пораст е забележан во Данска и Италија. Само во 2006 година бројката на смртни случаи од предозираност изнесува над 400 лица, уживатели на оваа опојна дрога.