Rolls Royce - Tungsten edition Печати Е-меил
[26-11-2007 | 23:20 часот]
 На овогодинешниот авто саем во Дубаи, Rolls Royce ја промовираше специјалната верзија на постоечкиот "Phantom", насловена како Tungsten...

Phantom Tungsten Edition е доработен од Bespoke одделот на Rolls Royce, и содржи многу иновативни решенија од експериманталната верзија 101EX.

На и така луксузниот Rolls Royce, додадена му е специјална "Xirallic" боја со неверојатен финиш, внатрешноста е комплетно уникатна, а работена е и на контролната табла.

Меѓу работите кои се издвојуваат на оваа верзија на "Phantom", е стаклениот кров кој содржи 900 фибер оптички сијалички кои даваат чуство на небо прекриено со ѕвезди.

Строго лимитиран број на возила од овој модел ќе бидат достапни на секој од континентите, со што ќе биде исклучително редок примерок на Rolls Royce.