|
Статистика - кој колку чека? |
|
|
|
[26-11-2007 | 23:34 часот] |
Британскиот бренд за козметика Nephria спроведе интересно истражување. Заклучокот е дека за убава и средена жена, секогаш ќе треба да чекате! Студијата...
...покажа дека жените во просек поминуваат 2 години и 9 месеци од својот живот, во шминкање, чешлање и облекување пред огледало На мажот, ќе му бидат потребни три месеци од животот за чекање на својата девојка-сопруга, да одбере чанта или кондури. Додека за спремање за излегување, чекањето е доста подолго. Просечното време на една жена, за да се подготви за излегување, е дури 1 час и 12 минути. Во детали, просекот изгледаат вака: 22 минути за туширање, 7 минути за нанесување на млеко за тело, 23 минути за сушење на коса, 14 минути за нанесување на шминка, и 6 минути за облекување. |