Rihanna во Белградска "Арена" (Видео) Печати Е-меил
[27-11-2007 | 22:43 часот]
 Младата MTV ѕвезда Rihanna го оцени својот настап во Белград како најдобар концерт во кариерата и ги замоли организаторите да најдат начин да ја донесат повторно...

... во градот, соопштија од "SkyMusic".

После саботниот (24.11) концерт, со соопштение се огласи и директорот на "SkyMusic", Миленко Шкариќ. Тој им се извини на сите посетители и новинари во Белградската арена кои имале било какви непријатности.

Шкариќ изјави дека како организатори тие носеле огромна одговорност, и неможеле да влијаат на менаџментот на изведувачот со кој и не се сложувале многу.

И покрај недостатоците и каснењето на концертот, самата Rihanna го прогласи настапот во Белград како најдобар во нејзината кариера, а повеќе од задоволна беше и бројната белградска публика.

Во продолжение, погледнете како изгледаа нејзините хитови во белградскиот Арена.