До 3 кафиња дневно е здраво Печати Е-меил
[28-05-2006 | 01:29 часот]
 Разумно конзумирање на кафе придонесува за спречување на крвожилните болести, т.е Паркинсовата и Алзхеимеровата болест, покажаа најновите истражувања. Податоците се собрани во САД со испитување на 27.000 постари испитаници. Оние кои пиеле...

...од едно до три кафиња дневно биле од 20% до 25% помалце изложени на ризик од заболување на крвожилните болести. Односно шеќерната, Паркинсовата и Алзхеимеровата болест и болестите на плуќа, јетра и бубрези.

- Податоците покажаа дека антиоксидансите заштитуваат од многу болести - изјави Lena Frost Andersen, член на истражувачкиот тим.

Но позитивните резултати ги снемува кога употребата е претерана, а тоа е над 5 кафиња дневно.

- Се чини дека кафето делува штетно кога се троши во поголеми количини. - изјави Rune Blomhoff, друг истражувач вклучен во проектот.