|
Adidas, во соработка со Diesel |
|
|
|
[29-11-2007 | 22:54 часот] |
Во светот на модата, се почестa е појавата на соработка помеѓу големите брендови. Причината за тоа е се поголемата конкуренција на пазарот, и целта, на...
... било кој начин да се остане во фокусот на што поголемиот број на потрошувачи. Во овој контекст, Adidas и Diesel потпишаa четиригодишна соработка за развивање на линијата насловена како - Adidas Originals Denim by Diesel. Адидас, во својата историја, веќе има соработки со други дезајнерски куќи како што се Stella MCartney и Y-3 линијата, која константно бележи успех на пазарот. Според првите сознанија, колекцијата ќе содржи широка палета на фармерки со висок или низок струк, во црни и плави тонови, со што Adidas на своите купувачи ќе може да им понуди од спортска облека до тренди стил. Машката и женската колекција ќе бидат достапни во Адидас продавниците од 1 февруари следната година. Најавените цени се движат од 160 до 210 евра по парче. |