Како да дојдете до унапредување Печати Е-меил
[29-11-2007 | 23:04 часот]
 Иако работата може да биде дел од вашиот живот кој потполно ве исполнува и ве прави задоволни, патот до унапредувањето секогаш е отворен, и потребно е само да...

... ги направите вистинските чекори.

Иако унапредувањето на работното место зависи од многу фактори, на некои од нив можете сами да влијаете - со своето однесување и мотивацијата.

Не грижете се премногу

Во текот на работниот ден можат да се случат многу непредвидени ситуации.

Колку добро ја вршите својата работа, ќе покажат токму тие непредвидливи и стресни ситуации.

Во секој момент зачувајте ја смиреноста и бидете спремни на се.

Вашите шефови, ќе согледаат дека можете да се снајдете во секаква ситуација, а своите колеги ќе ги мотивирате со своето однесување и воедно ќе ја избегнете и непотребната паника.

Превземете повеќе обврски

Со превземањето на дополнителни обврски ќе покажете дека сте спремни да работите повеќе и подобро.

Вашите надредени, ќе бидат задоволни од вашата добра работа и тоа што сте вреден вработен, па наскоро ќе ве наградат за трудот.

Дојдете порано, одете си покасно

Делата зборуваат повеќе, отколку илјада зборови. Покажете колку сте посветени на својата работа, на тој начин ќе добивате повеќе проекти, и ќе влијаете на одлуките во компанијата.

На вашиот шеф ќе му покажете колку сте предани на работата и со тоа, тој неопходно ќе ве мотивира да останете.

Ценете се себе си

Преданост кон работата е апсолутно потребна доколку сакате унапредување.

Но, исто толку е значајно сами да го цените својот труд и секојдневниот напор.

Секогаш на ум треба да имате - кој сте и што сакате, така што, доколку во една компанија не ве ценат доволно, секогаш може да побарате работа во друга.

Самодовербата секогаш ги импресионира надредените.

Облекувајте се како победник

Пристојната гардероба ќе го надополни вашиот физички изглед, со што ќе оставите посилен впечаток на надредените.

Никогаш немојте  да штедите на гардеробата која ја носите на работното место.

Трудете се секогаш да бидете чисти и испеглани, и во никоја варијанта немојте да изгледате вулгарно.