FCX Clarity - новата електро Honda Печати Е-меил
[03-12-2007 | 23:47 часот]
 Јапонската Honda на саемот во Лос Анџелес го представи својот нов електро мобил - FCX Clarity, чиј единствен нус производ од нејзиното работење е водата..

Тајната на овој модел се V Flow келиите за кој произведувачот тврди дека представуваат значаен напредок во оваа технологија.

Водорот (H2) и кислородот (O2) од атмосферата се мешаат во горивните келии, а енергијата се складира во современи литиум-јонски батерии.

Тие се 40% полесни и 50% помали од сегашната генерација на батерии.

Овој еко автомобил кој се движи со помош на електромотор, постигнува максимална брзина од 160км/ч, а со едно полнење поминува околу 430км.

Првите FCX Clarity се очекуваат да се испорачаат на средината на идната година.