Лаптопот ќе ви ја земе плодноста Печати Е-меил
[04-12-2007 | 23:16 часот]
 Експерти од САД, врз основа на долгогодишни истражувања, утврдија дека користењето на преносни компјутери може да ја загрози плодноста на мажите...

Резултатите се однесуваат на мажите кои секојдневно користат laptop, а притоа го држат во својот скут.

"Користењето на лаптоп во својот скут, кај мажите може да предизвика проблеми со плодноста" - кратко и јасно изјави професорот Yefim Sheynki, кој е еден од главните истражувачи.

Истражувањето е спроведено на Универзитетот во New York, а биле опфатени 29 здрави мажи на возраст помеѓу 21 и 35 години.

Резултатите покажуваат дека само 15 минути работење на laptop во скут, може да бидат штетни за плодноста. Главна причина за тоа е загревањето на лаптопот, односно прилично големата температура која се ослободува од него во текот на работата.