Контраверзниот Tom Ford - режисер?! Печати Е-меил
[04-12-2007 | 23:29 часот]
 После бројните признанија во светот на  модата, Tom Ford изгледа има нов предизвик. Секогаш контроверзниот дизајнер - никогаш не ги криел своите...

... амбиции за светот на филмот. Уште кога во 2004 година го напушти Gucci, најавуваше дека ќе се вклучи во филмската индустрија како режисер.

Па така денес, се повеќе е извесно дека овој негов сон најверојатно ќе се оствари, и тоа дебитирајќи кaко режисер на филм направен по адаптација на книгата "A single man" од авторот Christopher Isherwood.

Се работи за приказна за еден ден од животот на хомосексуалците во Los Angeles. Тој кога чул за приказната одма бил заинтересиран.

Неговиот избор не е зачудувачки, со оглед на тоа дека неговата креативност од секогаш била провокативна за јавноста.

Почнувајќи од многубројните реклами кои биле забранувани, па се до фотографирањето за насловна страница со голата Scarlett Johansson...