|
Дарежливоста ни е во гените |
|
|
|
[06-12-2007 | 23:20 часот] |
Тим во кои биле вклучени и експерти од одделот за психологија на Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим, во својата студија докажаа дека дарежливоста е...
...генетски програмирана. Биле испитувани 203 лица, а на секој од нив му биле доделени по 12 долари. Речиси 50% од испитаниците кои биле спремни да ги донираат парите, без оглед дали станувало збор за целата сума или само дел од неа, биле носители на генот AVPR 1 - или некоја од неговите варијанти. "Ова е прв пат, да биде утврдено дека постои релација помеѓу човечката дарежливост и неговата DNK", изјави професорот Ariel Knafo, одговорен на одделот за психологија. Генот AVPR 1, го поттикнува создавањето на хормонот аргинин, кој влијае на еден дел од мозокот и го поттикнува алтруистичното однесување. Значи, ако дарежливоста не е дел од вас, не се мачете! Едноставно не ви е во гените... :) |