Зошто жените се непријателки Печати Е-меил
[06-12-2007 | 23:46 часот]
 Авторката на книгата продадена во дури 50 милиони копии "Report: A Nationwide Study Of Female Sexuality" - Shere Hite, ја објави својата нова книга во која се говори за...

... односите помеѓу жените, и причините поради кои тие се нетрпеливи една спрема друга.

Според нејзините истражувања, девојчињата, девојките и жените секогаш се борат за нечија љубов и затоа останатите жени ги гледаат како ривали и закана.

"Често ги слушаме коментарите како во некое семејство има "премногу жени" или дека таткото сака да има син, ама "и девојче е ОК".

Љубовта во семејството со која се среќаваат девојчињата во раното детство, е критична за идното однесување и развој на женската личност, бидејќи девојчињата себе си можат да се доживуваат само како "убав украс" - објаснува авторката Hite.

Антагонизмот помеѓу две сестри најчесто се случува бидејќи едната е попаметна, поубава, позгодна или посимпатична.

Кога ќе настапи пубертетот, на девојчињата им се наметнуваат некои неважни правила или добиваат идеи со кои самите си наметнуваат некои норми и правила на однесување.

Во борбата за вниманието и љубовта жените се однесуваат со натпреварувачки дух, а според некое непишано правило, таа која е поубава добива и повеќе.

"Борејќи се за своето место во семејството, во училиштето, а потоа и на работното место, жените едноставно се непријателски расположени кон конкуренцијата." - заклучува авторката во нејзиното ново дело - "The Hite Report On Women Loving Women"