|
Нова Hot локација во New York |
|
|
|
[07-12-2007 | 00:02 часот] |
New York доби Нов Музеј на современата уметност, кој веднаш е прогласен за апсолутно чудо на архитектурата. Отворен е на 1 декември 2007, а премиерната изложба...
..."Unmonumental: The Object in the 21st Century" е прва во низата изложби со кои овој музеј ќе се потруди да се етаблира како дестинација на инвентивноста и заговарач на новите идеи во уметноста. Инаку, 30 години старата институција, сега е сместена во необична зграда која изгледа како да е составена од големи пакети, а заслужни за ова се Kazuyo Sejima и Ryue Nishizawa од архитектонското студио SANAA (Токио). Објектот од 60 000 метри квадратни, содржи театар, четири галерии, едукациски центар и кровна тераса која исто така е наменета за изложби и посети. Се работи за зграда, која е единствената во светот која е посветена исклучиво само на современата уметност. Повеќе инфо за музејот, погледнете на официјалниот сајт newmuseum.org |