Асоцијацијата на Европски Студентски Структури - Скопје, AEGEE - Скопје оваа година го прославува своето 15 годишно...
... постоење како една од најактивните младински организации во Македонија. AEGEE (Association des Etats Generaux des Etudiants de l'Europe) претставува интердисциплинарна организација, па така, настаните што се организираат се од различен карактер. Најчестите наслови се поврзани со: иднината на Европа, меѓуетнички недоразбирања, визниот режим, човекови права, програми за студирање, маркетинг стратегии, мобилноста на младите, невработеноста како младински проблем, препознавање на неформалното образование и сл. Со прославата по повод нашиот роденден, сакаме да заокружиме една целина од 15 години успешна работа, 15 години создавање на неформално образование, 15 години размена на различните европските култури и традиции, 15 години создавање на едно потолерантно општество без предрасуди, 15 години дружење, 15 години промоција на нашето мото „Some call it Europe, we call it home“... Еднодневниот настан ќе се одржи на 16.12.2007 (недела) преку организација на: 1. Интерактивни работилници на тема: "Активна граѓанственост", "Стереотипите и нивните можни решенија" и "Културна толеранција" (во текот на денот, Правен Факултет) 2. Изложба на фотографии (клуб Сектор) 3. Промоција на нашето ново списание (клуб Сектор) 4. Проекција на филмови, изработени од поранешните и сегашните членови на AEGEE Скопје како и AEGEE Europe (клуб Сектор) 5. Свечена прослава (клуб Сектор) 6. Голема Забава која ќе започне во 23.30 часот (клуб Сектор) AEGEE Скопје Ве поканува да дојдете заедно да го прославиме 15тиот роденден на нашата организација. Забавата е отворена за секого, како и за сите оние кои сакаат повеќе да се запознаат со нашата организација! Повеќе информации може да најдете на www.aegee-skopje.org.mk или на www.aegee.org |