Последнотo дело на Милчо Манчевски "Сенки", кој од 7 декември започна да се прикажува и низ Македонија, го погледнале 46.000 гледачи. "Манаки...
... филм" соопшти дека во Битола свечената премиера со нетрпение се очекувала, а салата на Центарот за култура била премала да ги прими сите заинтересирани.
Борче Начев, Весна Станојевска, Филарета Атанасовска, Салаетин Билал, Жаклина Стефковска и битолскиот дел од екипата Петар Мирчевски, Илко Стефановски и Ратка Радмановиќ имаа чест да ја поздрават преполната сала која срдечно се ракоплескаше...
"Во исто време, публиката го поздравуваше и режисерот на филмот, Манчевски, со кого беше воспоставена отворена телефонска линија во Њујорк", се додава во соопштението.