Жените, и првиот состанок... Печати Е-меил
[11-12-2007 | 00:34 часот]
 Многу жени сакаат да ги анализираат гестовите на мажите, посебно кога се на почетокот на врската. Новиот дечко го споредуваат со стариот, го анализираат...

... неговиот стил на облекување, на свој начин ги толкуваат постапките на мажите, и врз основа на тоa ги донесуваат заклучоците.

Дали е добро облечен?

Таа се прашува дали сте доволно добро облечен за да оцени колку сте се потрудиле околу впечатокот кој ќе и го оставите. Доколку не сте се потрудиле добро да изгледате, девојката тоа ќе го сфати тоа или како не почитување, или дека не ве интересира доволно.

Дали зјапа во моите гради?

Жената размислува околу тоа дали сте заинтересиран за неа како личност, какви ви се намерите, или само ве интересира сексот.

Доколку дечкото е вистински губитник, жената сака да го знае тоа на првиот состанок. Затоа постојано ќе пази дали ја гледате во очи додека зборувате... или во нејзините гради.

Дали е како мојот екс?

Жената не ги заборава своите добри и лоши искуства од својата поранешна врска, и затоа упорно се обидува да најде некаква сличност со вас и со нејзиниот бивш дечко.

Доколку согледа некои негативни сличности, нема да излезе со вас повторно.

Дали е огорчен поради некоја поранешна врска?

Жената си го поставува ова прашање, бидејќи доколку одлучи да биде со вас, тогаш сака да го има целосно вашето внимание врз себе, а не некој товар од минатите врски.

Дали може да зборува искрено и да ме сослуша?

Жената ќе ги води 80% од дискусиите, а мажот треба преостанатите 20% да ги искористи правилно.

Дали е скржав?

На жените им е особено важно дали мажот е скржав или не. Затоа треба на првиот состанок да оставите бакшиш, или пак на сличен начин да и ја дадете правилната слика за себе.

Дали ќе ме свати и цени?

Еден од најголемите стравови на жените е непочитувањето, и кога мажот не ги цени нејзините вредности. Затоа, жената ќе обрне внимание на тоа како се поставувате кон нејзините ставови и мислења, и кон се она што ја прави таква каква што е.