Вистина зад митовите за убавина Печати Е-меил
[11-12-2007 | 22:36 часот]
 Секојдневниот напор за убав и беспрекорен изглед, не тера да користиме разни средства со кои би го зачувале и подобриле нашиот изглед. Низа "домашни" производи...

...кои ги користиме во секојдневниот живот, можат да ни послужат како рецепти за замена на скапата козметика. Но не секогаш тоа што го слушаме е вистина. Еве неколку вистини и невистини....

Мајонезот - одличен за коса

Овој совет не е мит, но само во случај кога правилно се употребува.

Јајцата и мастите кои се главни состојки на мајонезот, можат да ја зацврстат косата и да и дадат неодолив сјај. Хранливите состојки на мајонезот вашата коса ќе ја направат уште поубава.

Еден негативен ефект од употребата на мајонезот за оваа намена, е тоа што вашата коса може да поприми непријатна миризба.

Ледот ги намалува порите

Маската од лед, дефинитивно нема да ги намали порите на вашата кожа.

Имено, порите се такви какви што се, поради  генетиката, а не поради температурата. Затоа, откажете се од ледот на вашето лице.

Пастата за заби ги лечи акните

Доколку имате проблем со нечистотијата на вашата кожа, пастата за заби навистина може да ви биде од помош.

Со оглед на тоа што содржи ментол и други состојки кои ги сушат акните, пастата е погодна за оваа намена.

Меѓутоа, доколку имате чувствителна кожа, истите состојки можат да ја иритираат вашата кожа и да ја влошат состојбата.

Пиво наместо крема за сончање

Овој совет не би требало да го послушате, бидејќи не е вистинит.

Иако некои луѓе тврдат за ефикасноста, дека пивото на вашата кожа ќе помогне да дојдете до бронзен тен, тоа нема да се случи. Затоа подобро е да се држите до кремите за сончање.