Холандија ќе гради остров - лале Сподели
[11-12-2007 | 23:00 часот]
 Холандија сака да ја промени картата на Европа. По примерот на Дубаи, кој изгради изгради остров "палма", сега светските стручњаци разгледуваат нова можност...

Идејата е да се изгради остров во форма на лале во Северното море, за да се намали пренаселеноста на земјата.

Според плановите, островот треба да биде долг 50 километри, а на него ќе може да се градат куќи, станбени објекти, фарми или природен резерват, што воедно ќе претставува заштита за брегот на Холандија.

Според едно истражување направено во октомври, Холанѓаните повеќе стравуваат од поплави отколку од терористички напади.

Холандскиот парламент веќе основа комисија за разгледување на можноста да се изгради остров во Северното море.